Екипата на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Динамо Загреб, вчера забележа победа во Лигата на шампионите против Салцбург со 0:2.
Токму Ристовски беше еден од најзаслужните со своите две асистенции, а по натпреварот ја доби и наградата за играч на натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, по натпреварот во регионот привлече внимание и преносот на „Арена Спорт“ и тоа поради коментаторот на телевизијата. Имено, хрватската јавност не пропушти да ја забележи разликата која ја имаше во односот кога австрицијте напаѓаат и кога Динамо постигнува голови.
„Среќа што не постигнавме уште некој гол, коментаторот ќе си дадеше отказ пред истекот на 90 минута“, „Неверојатно е колку коментаторот го мрази Динамо. Цел натпреварт зборува нешто, а за секоја шанса на Салцбург буквално се дере. Кога Динамо постигнува голови како да е на погреб“, „Мачно за слушање…“, се само некои од коментарите оставени под видеото од најинтересните моменти од натпреварот.