Дома Фудбал Германија Кагава го менува клубот во финишот на преодниот рок

Кагава го менува клубот во финишот на преодниот рок

Последниот ден од преодниот рок би можел да донесе нов трансфер на јапонскиот фудбалер Шинџи Кагава.

Иако пред една година ја продолжи соработката со Борусија Дортмунд до 2020. година, на него Милионерите не сметаат и тој би можел да го напушти клубот до крајот на преодниот рок.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Негов нов тим би требало да биде Севиља. Клубот од Примера е заинтересиран за услугите на јапонскиот фудбалер.

Јапонецот е член на Борусија од летото 2010. година. Подоцна имаше две години излет во Манчестер Јунајтед, каде не се многу изнаигра.

Потоа одлучи да се врати во Дортмунд, но се чини дека дојде време за крај на соработката со овој тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Роналдо има 40 години, но уште е „гладен“ за победи: Не планирам да запрам!

Ал Наср ја продолжува својата предсезонска турнеја во Австрија, каде што интензивно се под…