Moже да се смета за изненадување, но на што да се надева Киево.
Италијансите медиуми пишуваат дека, Масимилијано Алегри веќе одлучил со кој тим ќе започне на отварањето на сезоната против Киево во сабота.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изгледа навистина застрашувачки, многумина ги интересираше за каква формација ќе се определи Алегри со оглед на тоа што некои играчи како
Манџукиќ и Матуиди пристигнаа подоцна. Според информациите Јувентус ќе настапи во формација со 4-4-2 што беше реткост во претходните четири години кај италијанскиот стратег.
Шчесни би започнал како прв голман, Кансело десно, Бонучи и Киелини повторно ќе бидат и клупски партнери во одбраната, лево ќе биде Алекс Сандро за кого Јувентус ги одби сите понуди ова лето.
Средниот ред ќе го сочинуваат Пјаниќ кој наскоро ќе потпише нов договор, Чан кој дојде од Ливерпул, лево би бил Бернардески, а десно Даглас Коста.
Двете места во нападот ќе бидат резервирани за тандемот од кој се очекува многу оваа сезона, Паоло Дибала и Кристиано Роналдо.
Кога ќе се погледнат карактеристиките на играчите оваа формација повеќе наликува на 4-2-4, шанса од клупата ќе чекаат: Кедира, Квардадо, Манџукиќ, Бентакур, Брзаљи, Бенатија, Ругани, Де Шиљо…