Португалецот не се појави на гала вечерта, нема објаснување, сите ќе се посомневаат дека во причина е наградата за најдобар играч во Европа која ја заврши во рацете на Модриќ…
На денешната гала вечер изостана гламурот, ги немаше Меси и Роналдо. Меси не ни имаше причина, а Роналдо не можел да дојде. Така гласи неубедливото објаснување од европската куќа на фудбалот кога е Кристиано во прашање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Роналдо ги доби наградите за најдобар напаѓач и гол на сезоната, па овие две награди немаше кој да ги подигне и ќе му бидат испратени на Португалецот.
Тој наводно само кратко им објаснил на луѓето од УЕФА дека нема време.
Шпекулации дека не е задоволен од тоа што Модриќ ја доби наградата секако веднаш се појавија, но италијанските медиуми тврдат дека причина е саботниот натпревар на Јувентус.
Роналдо нема да игра за Португалија во септември со цел целосно да се посвети на брзо враќање на старата форма, а го чека Парма во сабота, па верзијата на Италијанците е дека не сакал да троши време на патување.
Причината е „Златната топка“. За да успее да ја освои наградата пред Гризман, Мбапе или евентуално Модриќ мора да одигра перфектна есен за Јувентус.
Изгледа како невозможна мисија, ја освои Лигата на шампионите, но со Португалија не направи ништо на Мундијалот, но Италијанците се убедени дека Роналдо нема да се откаже и ќе направи се што е во негова моќ во малку преостанатото време кое го има.
Има и уште една верзија, а тоа е дека не сакал да се сретне со претседателот на Реал Флорентино Перез.