Италијанските гиганти Милан и Наполи покажуваат силен интерес за играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
24-годишниот играч за врска блеска во дресот на Мехенгладбах, а во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра.




Мехенгладбах минатото лето ги одби сите понуди за Нојхаус, но поради слабите резултати сезонава и самиот фудбалер е спремен да ја промени средината.




Италијанските клубови веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да платат 20 милиони евра за да го добијат неговиот потпис.




Сепак, конкуренцијата за Германецот е голема бидејќи за него интерес покажуваат уште Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Ливерпул.