Дома Фудбал Италија Италија избра привремен селектор

Италија избра привремен селектор

Италијанскиот после отказот на Џампиеро Вентура избра привремен селектор на репрезентацијата која не успеа да се квалификува на СП во Русија.

Луиџи Ди Биаџо е избран за привремен селектор на „Аѕурите“. Ди Биаџо овој момент ја извршува и функцијата селектор на репрезентацијата до 21 година, а во минатото беше селектор и на У-20, но и работеше како скаут на сениорите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Луиџи Ди Биаџо ќе ја води нашата репрезентација до изборот на конечно решение“, соопштија од италијанскиот сојуз.

Како можни опции за конечно решение се споменуваат имињата на Антонио Конте, Карло Анчелоти, Клаудио Раниери и Роберто Манчини.

Своето деби Ди Биаџо ќе го има во пријателски натпревар против Аргентина на 23 март, а четири дена го очекува и натпревар против Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …