Во италијанскиот фудбал повеќе никој нема да го може дресот со број 88 затоа што тој е забранает со декрет од две министерства. Причината е бидејќи симболизира антисемитизам и нацизам.
Декларацијата ја потпишаа министерот за внатрешни работи Матео Пиантедоси и министерот за спорт Андреа Абоди во проектот во борба против величењето на нацизмот и антисемитизмот. Донесени беа 13 нови правила, а едно од нив е забрана за носење на бројот 88.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бројот се забранува затоа што го симболизира нацистичкиот поздрав „хајл Хтилер“. Осмата буква од абецедата е Џ, а забраната за користење не е само за фудбалерите, туку и за навивачите на трибините.
Минатата сезона во Серија А имаше случај во кој навивачи на Лацио имаа испечатен дрес со број 88 и со име „Хитлерсон“. Поради оваа забрана нови бројки мораат да изберат Марио Пашалиќ и Томас Ринкон. Забраната важи за сите рангови на италијанскиот фудбал.