Дома Македонски спорт Мак фудбал Историски момент во Струмица: ФК Беласица доби жена за потпретседател!

Историски момент во Струмица: ФК Беласица доби жена за потпретседател!

Струмичка Беласица попладнево ја информираше јавноста за ново име во раководството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, нов потпретседател, односно потпретседателка е именувана Таља Милушева која како што најавува клубот има силни амбиции да ја врати Беласица во врвот на македонскиот фудбал.

Ова е првпат во историјата на струмичкиот клуб, жена да ја извршува оваа функција.

„Со одлука на одборот на ФК Беласица за потпретседател на истоимениот градски фудбалски клуб од денес именувана е Тања Милушева жена од бизнис секторот која што е со силни амбиции ФК Беласица повторно да се врати на врвот во македонскиот фудбал.

За прв пат во македонскиот фудбал Струмица добива жена потпретседател која има земено учество во повеќе хуманитарни акции за социално ранливи категории и донации на медицинска опрема за струмичката болница“, објави ФК Беласица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …