Натпреварот помеѓу Јужна Африка и Сенегал кој се одигра минатата година на 12 ноември ќе остане запишан во историјата на фудбалот како единствен кој ќе биде повторен поради грешка на главниот судија.
Освен одлуката за повторување на натпреварот главниот судија од тој натпревар Жозеф Лампти од Гана заработи доживотна суспензија, што практично значи и крај на неговата кариера како фудбалски судија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да се потсетиме на контроверезниот момент, се играше 42 минута кога во казнетиот простор на гостите (Сенегал), топката дефанзивецот на Калиду Кулуибали го погоди во коленото, а Лампти покажа на белата точка, иако никој од домашните фудбалери не побара пенал бидејќи беше очигледно дека Кулибали играше со нога.
Сепак, тоа не му пречеше на Тулани Хлатшајо да го реализира „подарокот“ и да погоди за 1:0, а овој погодок се покажа и како клучен бидејќи Јужна Африка на крајот запиша победа од 2:1.
Оваа одлука од темел ја менува ситуацијата во групата во која само победникот оди понатаму и тоа директно на Светското првенство. На две кола пред крајот на Јужна Африка и Сенегал им се одзима по еден натпревар, а на Јужноафриканците и три бода, односно единствената победа која ја имаа до овој момент.
Вака изгледаше ситуацијата во групата пред одлуката на УЕФА.