Дома Фудбал Лига на шампиони Иско порача дека не треба да плачат за Роналдо, стигна и одговор од Португалецот

Иско порача дека не треба да плачат за Роналдо, стигна и одговор од Португалецот

Фудбалерите на Јувенту вечерва на „Олд Трафорд“ ги очекува натпревар против Манчестер Јунајтед кој е дерби на третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Натпреварот на „Театарот на соништата“ ќе биде во центарот на вниманието, а најмногу поради Кристиано Роналдо кој се враќа „дома“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роналдо се појави и на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар, а освен „црвените ѓаволи“ зборуваше за уште еден негов поранешен клуб, Реал Мадрид. Имено во текот на вчерашниот ден Иско изјави дека играчите на „кралевите“ не би требало да плачат за Роналдо и дека повеќе не размислуваат за поранешниот соиграч.

Еден од англиските новинари го интересираше што Роналдо има да каже на оваа изјава на неговиот „довчерашен“ соиграч.

„Се е во ред. Не треба да плачат. Тоа е се што ќе ви кажам не сакам да зборувам за другите клубови. Сите знаат каква приказна имав со Реал Мадрид, она што сега е најважно е натпреварот против Манчестер Јунајтед. Не е мое да зборувам за кризите во другите клубови“, изјави Роналдо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дембеле ќе мора да го издржи тоа што суноќа го направи затоа што социјалните мрежи не простуваат (Видео)

ПСЖ ја започна одбраната на титулата во Франција со две минимални победи (1:0). По Нант, в…