Дома Фудбал На Иско му здосади да зборува за Роналдо: Зарем треба да плачеме по него?

На Иско му здосади да зборува за Роналдо: Зарем треба да плачеме по него?

На денешната прес-конференција пред натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Викторија Плзен, зборуваше Шпанецот, Иско.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бидејќи Реал Мадрид поминува низ најголемата криза во својата историја, тема на конференцијата беше и Кристиано Роналдо, без кого очигледно на Реал не му оди.

Според одговорот кој го даде Иско може да се заклучи дека на фудбалерите на Реал Мадрид им здосади да одговораат на прашања поврзани со Португалецот.

„Дали ми недостасува Роналдо? Ми недостасуваат Карвахал, Бејл…“, изјави Иско алудирајќи на неговите актуелни соиграчи кои се мачат со повредите, па продолжи:

„Имаме тим составен од многу талентирани играчи, па нема смисла да плачеме за Роналдо. Зошто би го правеле тоа, зарем треба да плачеме за некој кој не сакаше да остане со нас?“, запраша Иско.

Шпанецот доби прашање и за Јулиен Лопетеги за кого „Скај Спорт“ вчера објави дека повеќе нема шанси да остане на клупатан а „кралевите“.

„Би била вистинска лудост доколку го промениме тренерот во овој момент, Лопетеги ја има мојата поддршка и не сум јас единствен, ние играчите стоиме зад него“, порача Иско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…