Дома Фудбал Италија Интер ја зголеми понудата, сега се е во рацете на Скриниар

Интер ја зголеми понудата, сега се е во рацете на Скриниар

Сопственикот на Интер, Стивен Жанг дозволи екстра буџет за продолжување на договорот на Милан Скриниар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ ова лето и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер.

Меѓутоа, проблем за Интер е што Скриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ има договор со дефанзивецот и му нуди плата од 9 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи во моментов.

Меѓутоа, Интер ќе направи се за да не ја загуби својата ѕвезда бесплатно и е спремен да ја зголеми понудата за нов договор.

Првично „нероаѕурите“ му нудеа 6 милиони евра по сезона, а сега се спремни да испратат нова понуда од 7,5 милиони евра со цел Скриниар да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трагикомедија во Кочани: Фудбалскиот клуб остана без терен – го претвориле во нива со жито!

Во кочанското село Уларци се случи вистинска трагикомедија: новиот фудбалски клуб остана б…