Дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар и оваа сезона игра одлично, а наскоро може да стави потпис на нов договор.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Скриниар е на мета на многу европски гиганти, но италијанските медиуми тврдат дека тој донел одлука кариерата да ја продолжи во Интер.




Интер наскоро ќе започне преговори со неговиот агент за продолжување на соработката до 2025 година.




Скриниар ќе добие и зголемување на платата, па со новиот договор ќе заработува 4 милиони евра по сезона.




Словакот пристигна во Интер во 2017 година од Сампдорија за 34 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А.