Раководството на Интер сака да го откупи договорот на Виктор Моузес, кој во јануари пристигна во Милано како позајмен фудбалер од Челзи, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Според договорот Интер има опција да го задржи фудбалерот и за тоа треба да плати 10 милиони евра. Сепак, медиумите тврдат дека „нероаѕурите“ ќе се обидат да ја намалат таа сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи е спремен да ја прифати понудата на Интер бидејќи Моузес не влегува во плановите на Лампард и за него повеќе нема место на „Стенфорд Бриџ“.
Моузес дојде во Интер по барање на тренерот Антонио Конте и „нероаѕурите“ се спремни да му понудат договор до 2023 година.
Ниегриецот пристигна во Интер во јануари и одигра 7 меча за „нероаѕурите“ на кои запиша една асистенција.
Inter Milan apparently a lot less uncertain about taking up the €10m buy-option for Victor Moses than just last month.#CFC #LoanArmy#SillySeasonNeverSleeps https://t.co/EOlo5KaPA5
— WAGNH (@WAGNH_CFC) March 23, 2020