Миланскиот гигант Интер денес и официјално го потврди новото засилување, Виктор Моузес.
Моузес доаѓа од Челзи на позајмица до крајот на сезоната, а „нероаѕурите“ ќе имаат право на лето да го откупат неговиот договор за 12 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Моузес е играч на Челзи, но првиот дел од сезоната го мина на позајмица во Фенербахче, а сега доаѓа во Милано за повторно да соработува со тренерот Антонио Конте.
Конте одлично го познава Моузес уште како менаџер на Челзи и верува дека квалитетите на крилниот напаѓач ќе бидат од големо значење за Интер во трката за шампионската титула во Италија оваа сезона.
? | NEW SIGNING
— Inter (@Inter_en) January 23, 2020
Transfer complete: @VictorMoses is a Nerazzurri player! ⚫?
? https://t.co/dLY0g8wIpB#WelcomeVictor #NotForEveryone pic.twitter.com/jl0ZrtqPHf