Дома Фудбал Италија Интер не дозволи изненадување, Лаутаро и Барела обезбедија победа со Салернитана

Интер не дозволи изненадување, Лаутаро и Барела обезбедија победа со Салернитана

Во рамките од 10. коло во Серија А, Интер во терминот од 12:30 часот беше домаќин на Салернитана и „нероаѕурите“ ја оправдаа фаворитската улога.

После неполни 15 минути игра Интер стигна до предност и тоа преку Лаутаро Мартинез кој со еден одличен удар надвор од шеснаестникот го матираше гостинскиот голман. Продолжуваше Интер да напаѓа и да доминира, но и Салернитана знаеше да се закани на моменти. Голот на Лаутаро беше и единствениот кој го видовме во првото полувреме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


До нов гол се чекаше до 58. минута кога Барела го пронајде патот до мрежата за 2:0. Резултат кој се покажа и како конечен на натпреварот. Салернитана до крајот не успеа посериозно да се закани и да го загрози голот на домаќините.

Со овој триумф Интер доаѓа до 18 бода на седмата позиција, два бода помалку од Јувентус кој е едно место подоле. Лидер на табелата е Аталанта со 24 освоени бодови, Наполи (23) може да се врати на првата позиција ако денес слави против Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анди Робертсон сè уште не знае дали ќе остане во Ливерпул

Одбранбениот играч Ендрју Робертсон сè уште не е сигурен дали ќе остане во англискиот фудб…