Дома Фудбал Италија Интер му нуди нов договор на Чалханоглу

Интер му нуди нов договор на Чалханоглу

Хакан Чалханоглу минатото лето пристигна во Интер како слободен агент и тоа од градскиот ривал.

Турскиот плејмејкер одлично се вклопи во тимот на „нероаѕурите“ и е еден од најважните играчи во формацијата на Инзаги.

Чалханоглу кога пристигна потпиша 3-годишен договор, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Интер сака долгорочно да го задржи во своите редови, па наскоро ќе почне преговори за продолжување на соработката.

Италијанските медиуми тврдат дека двете страни брзо ќе дојдат до договор бидејќи Чалханоглу сака да остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …