Дома Фудбал Италија Интер и Милан одиграа дерби за паметење, Нероаѕурите славеа со 4:2!

Интер и Милан одиграа дерби за паметење, Нероаѕурите славеа со 4:2!

Фантастичен натпревар во Милано вечерва одиграа Интер и Милан. Во градското дерби Нероаѕурите славеа со 4:2 и на тој начин се искачија на лидерската позиција во Серија А.

Милан одигра подобро прво полувреме и заслужено дојде до водство од 0:2 со головите на Ребиќ и Ибрахимовиќ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, Интер во вториот дел тргна со офанзивна игра која веднаш резултираше со два брзи погодоци. Прво во 51. минута Брозовиќ со прекрасен волеј удар погоди за 1:2, а две минути подоцна Весино по асистенција на Санчез донесе израмнување.

Следните десетина минути се играше помирно, а потоа следуваше нова лудница. После еден корнер Де Вриј погоди со глава и му донесе на Интер комплетен пресврт.

Големата победа на црно-сините ја запечати Лукаку со гол во самиот финиш на натпреварот за конечни 4:2.

На крајот, може да се каже дека ова беше едно од најдобрите дербија во последните 10тина години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …