Дома Трансфер зона Интер го сака Озил, но Арсенал да ја плаќа половина плата!

Интер го сака Озил, но Арсенал да ја плаќа половина плата!

Интер и Арсенал се во интензивни преговори за трансфер на хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ.

Перишиќ официјално побара трансфер, па Интер е спремен да му ја исполни желбата, но не сака да го пушта на позајмица.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Арсенал го сака Хрватот на позајмица со право на откуп, па двата клуба се уште не можат да најдат заеднички јазик.

Последните инфирмации од Апенините велат дека двата клуба можат да се договорат за размена на играчи, така што Месут Озил да заврши на „Џузепе Меаца“.

Меѓутоа, проблем е високата плата на Германецот кој неделно заработува по 400.000 евра, па „нероаѕурите“ се спремни да му даваат половина, а другата половина да ја плаќа Арсенал.

„Топџиите“ би можеле да се согласат на ваквиот предлог, бидејќи Озил не влегува во плановите на Емери и во последно време ја „грее“ клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…