Дома Фудбал Италија Интер го заврши постот и ја продолжи трката за Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Интер го заврши постот и ја продолжи трката за Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Интер традиционално игра добри и ефикасни натпревари против Каљари, па тоа беше случај и вечерва, кога избраниците на Спалети славеа над гостите со 4:0.

Ова е важен триумф за Интер кој сега се наоѓа на третата позиција и ќе се обиде да се избори за пласман во ЛШ пред Рома и Лацио.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Канцело во 3. минута погоди за Интер, а во 49. минута Икарди зголеми на 2:0. Половина час пред крајот Брозовиќ на асистенција на Икарди постигна погодок за 3:0, за во 90. минута конечниот резултат да го постави Перишиќ.

Интер лесно дојде до три бода, а сега се надева дека Рома против Џенова, или Лацио против Фиорентина ќе кикснат, а тие дуели на програмата се утре.

https://www.youtube.com/watch?v=6imeKWWVfzk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…