Дома Фудбал Италија Инсиње стана трет најплатен Италијанец на сите времиња

Инсиње стана трет најплатен Италијанец на сите времиња

Италијанскиот фудбалер Лоренцо Инсиње ќе го напушти Наполи по крајот на сезоната и ќе се пресели во екипата на Торонто.

Инсиње по 12 години заминува од Неапол затоа што доби подобри финансиски услови од тимот од Канада, па така тој ќе стане најплатен Италијанец во моментов.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Италијанецот ќе заработува 11,5 милиони евра по сезона, а повеќе од него во историјата имаат заработувано Стефан Ел Шарави, кој доби 16 милиони евра од Шангај Шенхуа и Грацијано Пеле, кој доби 15 милиони евра од Шандонг.

Торонто ќе биде петти тим во кариерата за Инсиње, кој играше уште и за Кавезе, Фоџа и Пескара на позајмица од 2010 до 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Познати најголемите желби на Јувентус: „Старата дама“ ќе треба да потроши над 200 милиони евра

Јувентус планира да донесе три силни имиња во текот на летниот трансфер период, но не план…