Tимот на Интер беше подобар од Милан со 3:0 во полуфиналето од Купот на Италија и со таа победа обезбеди место во финалето од ова натпреварување каде што ќе го чека подобриот од денешното полуфинале помеѓу Јувентус и Фиорентина.
За Интер ова ќе биде прво куп финале после 10 години, а тренерот Симоне Инзаги се надева на триумф во Купот, но и во Скудетото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Момците одиграа фантастично, бевме паметни и покажавме интелигенција. Сакавме да го добиеме ова дерби затоа што одигравме различно на три натпревари пред овој. На крајот вредеше за место во финалето. Се надевам дека можеме да ја задржиме ваквата атмосфера, работиме за ова од 8. јули. Сакаме и сезоната во Серија А да ја завршиме на најдобар можен начин“, изјави Инзаги.