Македонија утре ја очекува последниот натпревар во квалификациите за Светското првенство во кој имаме прилика со победа да обезбедиме бараж.
Селекторот Милевски очекува поинаков натпревар од оној во Рејкавиќ и се надева на помалку индивидуални грешки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаме план, индивидуалните грешки се составен дел од спортот и не можеш да ги предвидиш. Ги има во секој натпревар и се надевам дека ние ќе ги направиме помалку. Очекувам различен натпревар од тој во Рејкавиќ. Не знам дали ќе играат дефанзивно како со Ромнија, но како што кажав ние имаме наш план и се надеваме дека ќе го реализираме“.
„Исланд е поинаков тим, имаат различен профил на играчи. Не можам да кажам премногу на таа тема. Утре ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, истакна Милевски.
Фото: ФФМ