Дома Фудбал Останато Иконата на Милан ОТКРИВА зошто во 2006 година одбил огромна понуда од Манчестер Сити

Иконата на Милан ОТКРИВА зошто во 2006 година одбил огромна понуда од Манчестер Сити

kaka

Некогаш најдобриот фудбалер во сверот Рикардо Кака и понатаму се натпреварува на професионално ниво тој член на американскиот Орландо и нема намера да ја напушта МЛС лигата.

Кака своите најдобри денови ги помина во Милан, тим со кој во 2007 година стана шампион на Европа. Сепак, после неколку одлични сезони одлучи да нарави исчекор во кариерата и да потпише за Реал Мадрид. Бразилецот очекуваше во редовите на „кралевите“ да направи уште поголем напредок, но тоа не се случи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред да го избере Реал, Кака добил неверојатна понуда од Манчестер Сити кој во тие години започна да создава екипа за големи успеси. „Граѓаните“ нуделе огромна сума потписот на Кака. Сепак и покрај преговорите Кака во тој момент одлучил да остане во Милано.

„Преговорите беа во самата завршница и остана само да кажам да. Сумата која што ми ја нудеа беше многу поголема од она што можев да го заработам во Мила. Сепак заклучив дека не е вистинско време да заминам во Сити, а за такво нешто имав повеќе причини. Го играв најдобриот фудбал во својата кариера, а тие само што започнаа да создаваат тим кој ќе има потенцијал за нешто големо. Поради тоа одлучив да останам во Милан“, изјави Кака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…