На Мауро Икарди денес му беше одземена капитенската лента во Интер, но тоа не е се – Аргентинецот е исфрлен од тимот за следниот меч со Рапид Виена во Лига Европа.
Имено, на пописот на фудбалери на кои Спалети ќе смета за утрешниот меч во Виена го нема Мауро Икарди, па се очекува тренерот на пресконференција да образложи зошто не го повикал најдобриот стрелец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека станува збор за дисциплинска мерка и дека Икарди е времено исфрлен од тимот.
Имено, раководството е револтирано поради коментарите на неговата сопруга и менаџер Ванда Нара дека на тимот му требаат засилувања за Икарди да постигнува повеќе голови. Ова не е прв пат таа да коментора во медиумите, па била предупредена од страна на раководството.
Марота во Интер ги донесе правилата кои владеат во Јувентус, во медиумите не смее да се изнесуваат работи кои се случуваат внатре во клубот бидејќи со тоа се создава лоша атмосфера.
Притоа, преговорите околу нов договор се во застој, а тоа е главна тема која штетно влијае на соблекувалната и на резултатите на теренот.
Поради тоа раководството на Интер се реши на радикален чекор и му ја одзеде капитенската лента, а за нов капитен на тимот го именуваше Самир Хандановиќ.