На само 16 години Ансу Фати дебитираше за Барселона и многумина го најавуваа како новиот Лионел Меси, меѓутоа по повредите со кои се соочи неговата кариера тргна во надолна линија.
Левото крило на Барселона во овој момент има 109 настапи, 29 голови и 10 асистенции. Минатата сезона Фати настапи на 51 натпревар, а на 14 од нив како стартер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, за Барселона, Фати има 109 настапи, 29 голови и 10 асистенции, а во минатата сезона настапи на 51 натпревари и на 14 од нив како стартер. Сега пред крајот на преодниот рок пристигнуваат малку неочекувани вести.
Барселона ќе мора да го намали буџетот за плати и тоа сака да го направи итно, додека вредноста на Фати се проценува на 35 милиони евра. Платата на фудбалерот изнесува 14 милиони евра.
Интерес за Фати покажа Тотенхем, меѓутоа го следи и Челзи, па дефинитивно ако заминува ќе биде интересно во финишот од преоднио рок.