Најбрзиот човек во светот Усаин Болт соопшти дека до крајот на ноември ќе одлучи дали сака да ја продолжи фудбалската кариера.
Осумкратниот олимписки шампион не успеа да се договори со австралискиот Централ Кост Маринерс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Болт во Австралија престојуваше од август и за овој клуб постигна два гола во пријателските натпревари.
„Не сум потпишал договор со Маринерс и таа приказна е готова. Сепак, добив повеќе од тогаш. Во овој момент размислувам што да правам. Ќе одлучам до крајот на ноември дали ќе продолжам со некој клуб или едноставно ќе се откажам“, изјави Болт.
Ќе потсетиме Болт од атлетиката се прости после Светското првенство 2017 година и од тој момент се обидува да започне фудбалска кариера.