Јамајканецот Јусеин Болт се уште е актуелен светски рекордер на 100 и 200 метри, а сега на трка на 70 метри го предизвика Тајрон Хил кој е еден од најбрзите играчи во НФЛ.
Болт ќе го вложи златниот медал од ЛОИ ако Хил го вложи својот шампионски прстен од НФЛ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хил кој настапува за Канзас Сити е најбрзиот играч во американскиот фудбал на 40 јарди, а Болт е светски рекордер на 100 метри, па затоа го предизвикува на 70 метри да имаат подеднакви услови.
„Навистина би бил голем предизвик, но не очекувам дека ќе прифати“.
Но, Хил даде поинаков одговор.
„Вложи го златото и престани да се криеш. Стар е и готов. Нема ни да ме види на 40 јарди“.
Болт не остана без реакција.
„Јас имам 4.22 секунди на 40 јарди кои ги истрчав во папучи“.
Инаку, Хил има 4.29 секунди на 40 јарди и е убдливо најбрз во НФЛ.