Фудбалскиот институт „ЦИЕС“ ја пресмета вредноста на најскапите голмани во светот.
На основа на специјален алгоритам во кој се земаат во предвид квалитетот, годините, должината на договорот и клубот во кој игра избрани се наскапите 10 голмани во светот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првото место можеби изненадувачки му припадна на Едерсон од Манчестер Сити со вредност од 86.8 милиони евра. На подиумот се негови колеги од Премиер лигата.
На второто место се најде Алисон Бекер од Ливерпул со вредност од 84.2 милиони евра, додека трет е Кепа Аризабалага со 76.4 милиони евра.
Јан Облак и Марк Андре Тер Штеген се на четвртото и петто место. Нивната вредност е 52.7, односно 50.2 милион иевра.
Во топ 10 се наоѓаат уште Куртоа, Де Геа, Пикфорд, Пау Лопез и Алекс Мерет.
Изненадување е што помеѓу најскапите 10 голмани го нема Џанлуиџи Донарума, но тука веројатно влијаеше што неговиот договор истекува за 12 месеци.
Top transfer values for big-5 league goalkeepers according to @CIES_Football algorithm: @edersonmoraes93 ahead of @Alissonbecker ???Full rankings ➡️ https://t.co/P0Ohpx4eDz pic.twitter.com/s9MhKFZF1a
— CIES Football Obs (@CIES_Football) June 9, 2020