Дома Фудбал Италија Игуаин го спаси Милан од пораз на Сардинија (видео)

Игуаин го спаси Милан од пораз на Сардинија (видео)

„Росонерите“ мораа да се задоволат само со бод на Сардинија.

Во последниот натпревар на програмата во недела од Серија А, Каљари и Милан ги поделија бодовите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Почетокот на натпреварот му припадна на домашниот тим кој уште во четвртата минута стигна до водство преку Жоао Педро.

Овој гол го обележи првото полувреме иако Милан можеше да стигне до изедначување преку Чалханоглу и Боновентура.

Во вторите 45 гледавме поинаква слика на теренот, Каљари беше инфериорен, а „росонерите“ ја превземаа контролата. Голот за изедначување после една одземена топка на средината на Франк Кеси го постигна Гонзало Игуаин.

После погодокот Милан продолжи со добрата игра, но сепак резултатот не се промени Милан освои бод со кој се наоѓа на 16-тата позиција со четири освоени бодови, но и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека утрешниот противник на тимот, С…