Иако беше критикуван и во текот на летото пристигна во Рома како отпишан играч за неколку милиони евра, оваа сезона го докажува токму спротивното.
Србинот од редовите на „волчицата“, Александар Коларов е фудбалерот со најмногу претрчани километри оваа сезона во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Коларов во досегашните 10 натпревари претрчал 106.76 километри, односно 10.68 во просек по натпревар.
Само еден играч може да се пофали дека е блиску до Александар Коларов, а тоа Алекс Сандро од Јувентус со 98.768, но и со натпревар помалку (Јувентус вечерва му гостува на Реал Мадрид).
Навистина неверојатно е што играч кој има 32 години е фудбалерот кој најмногу претрчал.