Дома Фудбал Англија Играчите на Лестер на столбот на срамот после победата!

Играчите на Лестер на столбот на срамот после победата!

Лестер синоќа не личеше на себе против Ливерпул, па победата само додаде „масло на огнот“и многумина сметаат дека играчите го „минирале“ Клаудио Раниери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот Џејми Карагер вели дека двата тима треба да се засрамат – Ливерпул бидејќи играше лошо, а Лестер затоа што не е јасно зошто ниту еднаш сезонава не играа на своето ниво.

Долго време гледам фудбал, и никогаш не сум видел натпревар на кој играчите од двата тима треба да се засрамат. Ливерпул поради тоа колку лошо одигра, а Лестер поради тоа како одеднаш прикажа солидна партија по серија лоши игри благодарејќи на вложен труд и максимална посветеност“, истакна Карагер.

Сомнежот го потврди и Гери Невил кој истакна дека никогаш не видел некој тим така да го промени лицето после само неколку дена.

На социјалните мрежи револтот е исто така голем и играчите се споредуваат со змии, на што се алудира дека тие направиле завера против тренерот Раниери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Холанд ја растажи Брегот на Слоновата Коска со доцен гол и обезбеди дуел помеѓу Норвешка и Бразил

Норвешка е петтиот осминафиналист на Мундијалот 2026, откако победи со 2:1 против Брегот н…