Севиља синоќа по изведувањето пенали победи на пријателскиот натпревар против Кристал Палас, а главна тема по натпреварот беше поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ, кој постигна навистина спектакуларен гол.
Севиља со полна пареа се подготвува за новата сезона во Ла Лига и најголем дел од подготовките ќе ги одработи во САД, исто како и многу клубови од најсилните европски лиги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот помеѓу Севиља и Кристал Палас се одигра на „Комерика парк“ во Детроит, а победникот на крајот го дознавме дури по изведувањето на пенали.
Во првото полувреме видовме добри шанси на двете страни, но мрежите мируваа. Но, кога се чинеше дека првиот дел ќе заврши без голови, Севиља успеа да поведе.
Шпанскиот клуб поведе со 1:0 во 44. минута, а во центарот на вниманието беше искусниот Ракитиќ, кој уште еднаш покажа каков проектил има во десната нога.
Имено, по еден корнер, топката се одби до Ракитиќ, кој речиси беше во мртов агол, но тој направи неверојатен потег и на шок и неверување на сите на стадионот, успеа да постигне еден од најубавите голови во својата кариера.
A stunning goal by Ivan Rakitic
— Its Sports Time ⚽ (@its_sports_time) July 31, 2023
🎥 @SevillaFC pic.twitter.com/NKfZC2vAM5