Италијанскиот клуб ја завршува работата на два фроната, состанокот во Лондон поминал успешно.
Изгледа работите се завршени, Иван Газидис ќе го засли Милан. Арсенал се договорил со фондот Елиот и преостануваат само деталите околу бонусот. Очекувањата се наскоро се да биде официјалзирано.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Наводно тој сака да замине поради поделбата на одговорностите и намалувањето на неговите овластувања во клубот од кога си заминал Арсен Венгер.
Од друга страна, Милан работи и на уште еден трансфер, овој пат на теренот. Медиумите во Англија пишуваат дека „росонерите“ преговараат со Арон Рамзи кој би можел да се пресели на „Сан Сиро“ веќе во јануари.
Така Газидис и Рамзи после долги години во северен Лондон би го напуштиле Арсенал.
Велшанецот од доаѓањето од Кардиф одигра околу 330 натпревари, се уште не постигнал договор за продолжувањ на соработката, па би можел да замине на зима со цел „топџиите“ нешто да заработат од него.
Неговиот договор завршува на крајот од сезоната.