Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ ја дозна казната за црвениот картон

Ибрахимовиќ ја дозна казната за црвениот картон

Златан Ибрахимовиќ ја дозна казната за исклучувањето во саботниот натпревар против Парма.

Дисциплинската комисија одлучи да го казни Ибрахимовиќ на еден натпревар со парична казна од 5.000 евра. Во образложението се наведува дека Швеѓанецот покажал непочитување кон судијата Мареска.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Италијанските медиуми истакнуваат дека Ибрахимовиќ сигурно ќе се жали затоа што верува дека судијата погрешно го разбрал.

Ако остане оваа казна Ибрахимовиќ нема да има право на настап во натпреварот против Џенова.

Од друга страна казната за Мареска е што повеќе нема биде делегиран на натпреварите на Милан, а ќе одмори и во наредните неколку кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета ќе се бори на нов фронт: Арсенал сака фудбалер на лондонски ривал

Арсенал ги контактирал претставниците на Еберечи Езе, 27-годишниот офанзивец на Кристал Па…