Дома Фудбал Репрезентации Ибрахимовиќ: Шведска без Златан е подобра и е фаворит за освојување на Мундијалот

Ибрахимовиќ: Шведска без Златан е подобра и е фаворит за освојување на Мундијалот

Златан Ибрахимовиќ и дефинитивно нема да настапи на Мундијалот во Русија, во текот на вчерашниот ден стигна потврда од Фудбалскиот Сојуз на Шведска.

Иако Ибрахимовиќ најавуваше дека е спремен да се врати од репрезентативна пензија за да и помогне на Шведска, од таборот на оваа репрезентација порачаа дека Златан нема да биде дел тимот кој ќе патува во Русија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денес во медиумите се огласи и самиот Ибрахимовиќ.

„Не сум дел од репрезентацијата, а така е од кога престанав да играм за Шведска, но нема проблем, сеедно одам на Светското првенство“, изјави Ибрахимовиќ за „ЕСПН“, a потоа во саркастичен тон додаде:

„Зборував цело време дека ќе се најдам во авионот за Русија. Ќе седнам во авион и ќе отидам во Русија. Мислам дека Шведска е фаворит за освојување на Светското првенство бидејќи е подобра без Златан“, зборуваш Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Одбранбениот играч на Баер Леверкузен Пиеро Инкапие ги договори личните услови со Арсенал …