И на 40 години Златан Ибрахимовиќ покажува дека годините за него се само бројка, па и сега често пати прави разлика на теренот.
Во интервју за француски „Телефут“ Ибрахимовиќ беше запрашан за Килијан Мбапе кој се наметнува како лидер на „светците“, секако доколку остане во Париз затоа што неговиот договор завршува на крајот од сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На оваа тема Златан го предизвика Мбапе и побара од него да ја промени средината.
„Го сакам Мбапе, но тој се уште е прекомотен. Игра во комфорна зона. Опкружен е со луѓе кои постојано му зборуваат дека е најдобар, а треба дао ди во средина каде што ќе се бара од него да биде уште подобар. Во овој момент тој е во топ 10 играчи, но тука е Халанд, а тука е и Ибрахимовиќ, од Златан не ви треба ништо повеќе“, во свој стил порача Ибра.