Италијанските медиуми наголемо пишуваат дека славниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ ова лето ќе стави крај на кариерата.
Коронавирусот кој се појави во Европа и поради кој спортот е стопиран може да биде причина тоа да го направи и порано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Можното одење во пензија го прокоментира и самиот Ибрахимовиќ. Ибра и самиот не знае што ќе се случува.
„Навистина не знам што ќе биде, секој ден се случува нешто ново. Коронавирусот никој не го очекуваше, меѓутоа мораме да бидеме трпеливи и да ги слушаме препораките. Дури кога оваа ситуација ќе заврши ќе видиме што ќе биде. Во овој момент не сум донел никаква одлука“, изјави шведскиот напаѓач.