Mилан вчера беше поразен од Порто и така се стави во тешка ситуација за место во нокаут фазата во Лигата на шампионите.
„Росонерите“ имаат три порази во првите три натпревари. Вчера одиграа лош натпревар и можеа поубедливо да бидат поразени од тие 0:1. Златан Ибрахимовиќ после натпреварот беше реален и посочи дека неговиот тим не заслужил повеќе во овој натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова беше најлошиот натпревар од досегашните три и не заслуживме бодови. Треба да имаме предвид дека за многу од нашите фудбалери ова е прв настап во Лигата на шампионите и тие треба да созреат и да стекнат искуство. Како што можете да видите со искуството во Серија А нашата игра веќе се подобрува, така сметам дека со секој натпревар и во ЛШ треба да имаме напредок“, смета Ибрахимовиќ.,
Милан против Порто беше и без повредените Тео Ернандез, Брахим Диаз, Мајк Мањан и Франк Кеси.
„Ни недостасуваат некои фудбалери, меѓутоа фудбалот е таков. Јас само што се вратив и среќен сум што играв, сепак потребни ми се повеќе минути за да влезам во натпреварувачки ритам. До крајот имаме уште три натпревари и ќе се бориме се додека имаме шанси за следна фаза“, изјави Швеѓанецот.