Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ наводно ги прекршил ограничувањата и мерките за коронавирусот.
Градот Милано е црвена зона и рестораните во главно се затворени, но наводно Ибра ги прекршил протоколите и вечерал во ресторан заедно со својот пријател и поранешен соиграч Игнасио Абате.
Тано Симоната е пријател на Златан кој го отворил ресторанот само за Ибра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ибра со Абате и уште еден пријател дојде кај мене, бевме таму неколку часа, а потоа си отидовме дома“, наводно раскажал сопственикот на ресторанот.
Наводно станувало збор само за деловен состанок кој траел околу еден час, меѓутоа секако станува збор за прекршување на мерките, па Швеѓанецот доби негативни коментари.