Дома Фудбал Англија Ибра скапо ќе плати за лактот: Доби максимална казна!

Ибра скапо ќе плати за лактот: Доби максимална казна!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ е суспендиран на три натпревари поради насилничкото однесување на дуелот со Бурнмаут.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ибрахимовиќ со лакт го удри Тајрон Мингс после еден скок дуел, а непосредно откако тој го згазна по главата.

Швеѓанецот ќе ги пропушти натпреварите со Челзи во четвртфиналето од ФА Купот, како и дуелите со Мидлсборо и ВБА во Премиер лигата.

Ибра е најдобар стрелец на Манчестер Јунајтед оваа сезона, постигна 26 гола на 39 натпревари и сигурно ова ќе биде голем хеникеп за „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед се огласи: Што се случува со заборавениот Де Лихт?

Во време кога важните фудбалски настани буквално се менуваат од час во час, некои работи и…