Дома Фудбал Италија Ибра и Донарума му порачаа на Раиола: Остануваме во Милан

Ибра и Донарума му порачаа на Раиола: Остануваме во Милан

Златан Ибрахимовиќ и Џиџо Донарума имаа средба со Мино Раиола во Монте Карло, тема на разговор биле новите договори на напаѓачот и голманот.

Договорот на Ибрахимовиќ истекува на крајот на сезоната. 38-годишниот напаѓач најверојатно ќе потпише за уште една година, а е спремен да ја намали платата која во моментов изнесува 6 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Што се однесува до Џиџо Донарума, неговиот договор истекува во 2021 година, но неговата намера е јасна, сака да остане во Милан.

Преговорите за негов договор се во напредна фаза и се очекува во наредните денови да потпише нов договор со плата од 6,5 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФА покрена обвиненија против Родри заради неговите коментари поврзани со судиите

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини фудбалерот Родри за неправилно однесување пор…