Дома Фудбал Останато Ибра згрме после хет-трикот: Не работев цела кариера за некој да ме споредува со Карлос Вела!

Ибра згрме после хет-трикот: Не работев цела кариера за некој да ме споредува со Карлос Вела!

Златан Ибрахимовиќ изминатата вечер одигра фантастичен натпревар во градското дерби помеѓу ЛА Галакси и Лос Анџелес, а потоа направи шоу со новинарите.

Галакси против градскиот ривал славеше со 3:2 и Ибрахимовиќ постигна три гола, додека два гола постигна Карлос Вела.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред натпреварот еден новинар го налути Ибрахимовиќ со прашањето дали се смета себе си за најдобар затоа што Вела бил најдобар стрелец. Ибра на тоа одговори дека без дилеми се смета за убедливо најдобар во МЛС.

После вчерашниот натпревар Швеѓанецот не го заборави тоа и порача:

„Не работев цела кариера за да дојдам во МЛС и некој да ме споредува со Карлос Вела. Новинарите направија грешка. Не можете да споредувате Ферари и Фиат. Вечерва покажав дека сум најдобар во оваа лига“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…