Во последно време актуелни се истрагите против европските гиганти, се започна со Јувентус кој беше казнет со 15 бодови и тој случај уште се истражува, па „старата дама“ може да добие и дополнителна казна. Продолжи со Манчестер Сити на кого му се заканува исто така сериозна казна, а сега на ред дојде Пари Сен Жермен.
Имено, денешното издание на престежиниот „Л’Eкип“ објави дека обвинителството во Париз отворило истрага против ПСЖ затоа што нелегално бил ангажиран советник по име Хичам Боуаџила. Тој бил ангажиран во клубот во 2015 година, а проблемот е што обвинителството има сознанија дека бил плаќан преку тениска академиај во Доха по има „Smash“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот се потпишал во таа 2015 година и бил ангажиран како тениски тренер, но тој цело време бил дел од фудбалскиот гигант, а не од академијата која е со седиште на Блискиот Исток.
Во текстот на „Л’Eкип“ се додава дека тие го контактирале ПСЖ, меѓутоа добиле демант дека таква личност никогаш не била дел од компании поврзани со ПСЖ.