Дома Фудбал Репрезентации И со играч помалку – Франција подобра од Англија

И со играч помалку – Франција подобра од Англија

Фудбалската репрезентација на Франција забележа победа во пријателскиот натпревар против Англија иако „триколорите“ средбата ја завршија со играч помалку.

На „Стад де Франс“ во Париз, а во чест на жртвите во последните терористички напади во Лондон и Манчестер, фудбалерите на Франција синоќа ја совладаа Англија со 3-2.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Англичаните први поведоа во 9.минута со голот на Хари Кин. Во продолжение на првиот дел „триколорите“ успеаја да направат целосен пресврт. Умтити (22.минута) го израмни резултатот, Сидибе (44) и донесе предност на Франција од 2-1. На стартот на вториот дел Рафаел Варан несмасно стартуваше, па главниот судија му покажа црвен картон и досуди најстрога казан на Англија, која ја реализираше Кин за израмнување на 2-2. Иако со фудбалер помалку сепак Французите на крајот се радуваа откако Дембеле во 78.минута ги постави конечните 3-2.

Од останатите меѓудржавни пријателски натпревари ги издвојуваме, победата на Бразил на гостувањето кај Австралија со 4-0, нерешениот резултат на скандинавските ривали Норвешка – Шведска чиј дуел заврши 1-1, победата на Романија пред своите симпатизери над Чиле со 3-2, како и убедливиот триумф на Колумбија од 4-0 на гости кај Камерун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …