Натпреварот против Баерн не беше натпревар на Кристиано Роналдо, но Португалецот и кога ќе одигра под своето ниво пишува историја.
Со победата на германскиот гигант Роналдо стана фудбалерот кој најмногу победувал во Лигата на шампионите!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Португалецот ова беше 96 победа и така го надмина Икер Касиљас кој се наоѓа на втората позиција. Потоа следува Чави со 91 победа, Андрес Иниеста со 79, колку и што има и Раул Гонзалес.
Интересно за Роналдо натпреварот против Баерн беше првиот од Лигата на шампионите на кој не постигнал погодок.
Не само што не постигна гол Роналдо не упати ниту удар во рамките од голот! Такво нешто не му се случило на последните 16 натпревари.
Cristiano Ronaldo has now won 96 Champions League games, more than any other player… #HalaMadrid pic.twitter.com/rvxe7nrxfP
— Just Event online (@Justeventonline) April 25, 2018