Дома Македонски спорт ЗОИ: Јада со настинката ја освои 99 позиција на трката на 15 километри

ЗОИ: Јада со настинката ја освои 99 позиција на трката на 15 километри

По спринтот на кој Јада заврши како претпоследен, а еден натпреварувач беше диквалификуван денес Македонецот во Пјонгчанг имаше нешто подобар настап.

Како и што се очекуваше Јада беше подобар на трката на 15 километри во слободен стил. Јада овој пат заврши на 99 позиција на трката на во која учествуваа вкупно 119 натпреварувачи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јада целната линија ја мина за време од 42 минути, 14 секунди и 2 стотинки, трката не ја завршија двајца натпреварувачи.

Мора да се истакне и дека поради проблемот со настинката Јада не ги одржа последните два тренинзи.

Победник во оваа дисциплина беше Швајцарецот, Дарио Колоња кој трката ја заврши за време од 33 минути, 43 секунди и девет стотинки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…