Дома Актуелно Златна Бубамара : Вардар е „најпопуларен клуб – Спортски херои за 2017 година”

Златна Бубамара : Вардар е „најпопуларен клуб – Спортски херои за 2017 година”

Европскиот шампион Вардар е прогласен за „најпопуларен клуб – Спортски херои за 2017 година”.
И додека вардарци се искачуваа на бината громогласен аплауз добија од публиката во салата „Борис Трајковски”, а хорот „Мирче Ацев„, Наум Петрески и Виолета Томовска ја пееја „Ој Вардаре”.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најдобрата клупска година во историјата на „црвено-црните” беше потврдена со триумфот во лигата на шампионите, и плус триумфиравме во СЕХА лигата, домашното првенство и куп, и во домашниот Супер куп.

Капитенот Стојанче Стоилов ја подигна наградата и им порача на сите подржувачи: „И годинава сме на добар пат да освоиме титулата и даваме сѐ од себе да го повториме успехот. А ако и не успееме немојте да да се разочарувате, ние секогаш ќе играме со срце”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Дени Илиев: Хрватска е многу квалитетна, но ние сме оптимисти

Македонската А репрезентација го оддржа денешниот утрински тренинг на тренинг центарот „Пе…