Зинедин Зидан пред натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампиони ја презеде одговорноста за лошите резултати сезонава.
Зидан истакна дека ваквата ситуација е неприфатлива за „кралскиот“ клуб, но ги заштите играчите и во целост ја презеде одговорноста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ситуацијата во која се наоѓаме е неприфатлива. Оваа сезона е се поинаку и мораме да ја прифатиме реалноста. Морам да стојам позади моите фудбалери без оглед што ќе се случи, јас сум лидер и сакам да ги заштитам. Сакам да бидам покрај нив како и да играме. Ќе направам се што можам за да останам покрај нив“, изјави Зидан.
„Не гледам во иднина, туку исклучиво во сегашноста. Знам дека ова нема да трае цел живот, но нема сега да мислам за разделби. Не гледам на ПСЖ како натпрвар кој ќе ја одреди мојата иднина“.
„ПСЖ е се посилен и посилен од година во година, не сум изненаден од нивните одлични партии оваа сезона. Мбапе е исклучителен фудбалер, се гледа дека неговото време доаѓа на голема врата“, заклули Французинот.