Дома Фудбал Зидан: Тешко ми е да објаснам зошто Иско не игра!

Зидан: Тешко ми е да објаснам зошто Иско не игра!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан мораше уште еднаш да одговара на новинарски прашања поврзани со статусот на Иско во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот плејмејкер игра фантастично оваа сезона, но и покрај тоа сеуште не може да се избори за првотимски статус кај Зинедин Зидан.

„Искрено, тешко ми е да влезам во кожата на Иско. Како фудбалер речиси секогаш играв. Тешко ми е да објаснам зошто не игра секогаш. Се обидувам да разговарам со фудбалерите, нема да одам да им зборувам глупости на играчите и да се оправдувам. Утре имаме натпревар, во вторник, исто така играме. Иско е амбициозен и ја има мојата доверба“,истакна Зидан.

„Многу параметри се земаат во предвид, кога решавам како да го ротирам составот. Како се чувствува играчот, како игра противникот. Имам многу можности. Располагаме со вонсериски состав. Играчите го разбираат тоа. Знаат исто дека играме за Примера и Лигата на Шампионите“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…